Магазин 26. јули 2019. / 18:43

Израелскиот амбасадор „застана на рака“ во кабинетот на Пендаровски

Израелскиот амбасадор „застана на рака“ во кабинетот на Пендаровски

Израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Орјан, е познат по своите акробатски вештини.

Тој овој пат, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски направи стој на една рака.

– Оваа фотографија, “стои на раце” со израелскиот амбасадор Дан Орјан, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно 🙂 – напиша на Фејсбук Пендаровски.