Магазин 18. февруари 2021. / 11:57

Италија го казни Фејсбук со 7 милиони евра поради приватните податоци на корисниците

Италија го казни Фејсбук со 7 милиони евра поради приватните податоци на корисниците

Италијанските власти го казнија Фејсбук со седум милиони евра за недоволно информирање на корисниците за тоа како би ги користел нивните приватни податоци.

Фејсбук не ги информирал доволно корисниците кои отвориле профили како ќе се користат нивните податоци, објави во средата италијанската агенција за конкурентност.

Социјалната мрежа не ги спроведе мерките воведени од регулаторот во 2018 година, се додава во соопштението.

Според агенцијата, информациите обезбедени од Фејсбук за корисниците биле нецелосни и корисниците не можеле да разликуваат кои нивни податоци ќе ги користат за рекламирање, а кои за персонализација на платформата на Фејсбук, на пример за полесно пребарување од други корисници.