Корона вирусот досега зарази повеќе од 340.000 луѓе, а повеќе од 14.500 луѓе загинаа. Сепак, податоците за најмладите пациенти се сè уште штури.
Сепак, неодамнешната студија за медицина објавена во „New Englandу Journal“, потврди два случаи на смрт на децата во Кина. Според нив, станува збор за 10-месечно момче кое било болно пред инфекцијата со корона вирус, и 14-годишно момче. Поточно, едно дете се лекувало од леукемија, а друго страдало од бубрежни заболувања.
Важно е да се потенцира дека студијата вклучувала само деца третирани во детската болница Вухан.
-Од 1391-те деца тестирани од 28 јануари до 26 февруари 2020 година, 171 биле заразени. Беше утврдено дека просечната возраст на заразени деца е 6,7 години. Треска имало кај 41,5% од децата, а вкупно 27 пациенти (15,8%) немале симптоми на инфекција. Вкупно 12 пациенти имале радиолошки карактеристики на пневмонија, но немале симптоми на инфекцијата. За време на хоспитализацијата, на три пациенти им била потребна помош за интензивна нега и респиратори. Низок праг на лимфоцити, беше присутно кај 6 пациенти (3,5%). Исто така, 4,4 проценти немале никакви симптоми, се наведува во студијата.
Кај новороденчиња и деца под една година, 11% развиле тешка или критична состојба од болеста, како и 7% од децата на возраст меѓу една и пет години. Само 4% од заразените деца на возраст меѓу 6 и 15 години биле во сериозна или критична состојба, а само 3% од заразените тинејџери на возраст над 16 години претрпеле сериозни компликации, пренесува Лос Анџелес Тајмс.
-За разлика од заразено возрасно лице, повеќето заразени деца имаат поблага клиничка слика, велат авторите на студијата во „New Englandу Journal“.
Исто така, експертите ја испитувале разликата во зачестеноста на болеста кај момчиња и девојчиња. Според нив, постои мала разлика помеѓу веројатноста момчињата и девојчињата да се заразат или да бидат болни.