Магазин 28. јануари 2021. / 10:18

Историски пад на потрошувачката на пиво во Германија

Историски пад на потрошувачката на пиво во Германија

Во Германија, потрошувачката на пиво драстично се намали минатата година, исто како во периодот  кон крајот на 1950-тите.

Додека во 2019 година потрошувачката на пиво по глава на жител беше околу 92 литри, минатата година се намали за четири литри на околу 88 литри, објави Здружението на германски пивари.

Главната причина за намалувањето на потрошувачката на пиво е затворањето на ресторани и барови поради епидемиолошки мерки.

Последен пат се испило толку малку пиво во 1958 година, кога потрошувачката по глава на жител била под 90 литри. „Ситуацијата е драматична“, подвлече директорот на здружението „Холгер Еикеле“ во изјавата на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.