Магазин 20. јануари 2020. / 22:27

Инстаграмот на МВР следи само двајца, поранешниот министер Спасовски и голи жени

Инстаграмот на МВР следи само двајца, поранешниот министер Спасовски и голи жени

Инстаграм профилот на Министерството за внатрешни работи стана предмет на потсмев на друштвените мрежи откако беше споделена фотографија од профилот кој има 4 илјади следачи, а следи само двајца на оваа социјална мрежа.

Ништо невообичаено, но доколку се погледне може да се забележи дека двата профили кои Инстаграмот на МВР ги следи е актуелниот технички премиер и поранешен прв човек во министерството, Оливер Спасовски, додека вториот е профил на фотографии од полуголи девојки.

Иако инстаграм профилот на МВР не е верифициран, а според информациите на официјалниот сајт на МВР стои дека немаат официјален профил на твитер и инстаграм, профилот е доста активен со преку 169 фотографии од македонската полиција, активности на министрите, полициски акции.