Магазин 19. април 2019. / 18:48

Индиец гласал за погрешна партија на изборите и си го отсекол прстот

Индиец гласал за погрешна партија на изборите и си го отсекол прстот

Индиецот Паван Кумар си го отсече показалецот, откако осознал дека со него на парламентарните избори гласал за „погрешната” политичка опција – владејачката Индиска народна партија (БЈП).

Видеото од тој чин сé повеќе се шири на интернет. Во него тој нагласува дека „го збуниле многуте партиски симболи“.

Сакав да гласам за слонот (како симбол), но по грешка гласав за цвеќето (БЈП), објаснува Кумар во видеото.

Слонот е симбол на левичарската опозициска Партијата на мнозинскиот народ (БСП). Партиските симболи се од огромно значење за изборите во Индија, каде што писменоста е на многу ниско ниво.