Министерот за животна средина, Садула Дураки од ДУИ, кој е предложен за нов министер за политички систем, има познавања од Интернет експлорер и Мајкрософт офис.
Ова стои во неговата биографија доставена вчера до Собранието, заедно со солидни менаџмент особини, работа во група, работа под стрес и комуникативност, пишува СДК.МК.
Премиерот Заев вчера од Валандово, соопшти дека во Собранието ќе достави предлог за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската министер за финансии кажа дека ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.