Магазин 17. февруари 2020. / 19:28

И Кајли Џенер се пофали со Луј Витон ташни

И Кајли Џенер се пофали со Луј Витон ташни

Најмладата милијардерка на светот ,Кајли Џенер не одолеа да го покаже своето богатство и да се пофали со скапа колекција на брендирани чанти.

На својот профил на Инстаграм сподели неколку фотографии кои им овозможија на следбениците да ѕирнат во нејзиниот плакар. На една од фотографиите се прикажани четири полици исполнети со црвени и розови кеси со различна големина, додека другата е резервирана за љубителите на црни чанти.

Сите чанти биле потпишани од познати дизајнери како Луј Витон и Шанел, а Кајли покажала и дека брендирана и специјално дизајнирана чанта поседува и нејзината двегодишна ќерка, Сторми.

Погледнете што и купи Клои на Сторми за нејзиниот втор роденден. Не можам да го дочекам следниот одмор, напиша Кајли додека ја покажува торбата на Луј Витон, која Клои Кардашијан и ја купи на својата внука.