Магазин 12. март 2020. / 12:41

И Битолската зоолошка затворена за посетители

И Битолската зоолошка затворена за посетители

Јавната општинска установа Зоолошка градина – Битола во целост ги применува владините мерки и препораки во функција на ефикасна превенција и заштита од ширење на вирусот корона.

Од битолската ЗОО Градина соопштуваат дека таа општинска установа е затворена за посетители, додека сите вработени редовно ги извршуваат своите професионални обврски и задачи.