Магазин 15. август 2019. / 22:44

Хорор во Удине: Албанец со нож ги нападна кадетите на Србија!

Хорор во Удине: Албанец со нож ги нападна кадетите на Србија!

Српските медиуми пренесуваат голем скандал кој денес се случил на улиците во Удине, Италија.Инцидентот го предизвика Албанец кој со нож ги нападна кадетските репрезентативци на нашиот северен сосед. Потврда за ова стигна од потпретседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Игор Ракочевиќ.

Зборуваше секакви глупости. Косово е Албанија, а не Србија… Децата покажаа спортски дух и само му порачаа да им се тргне од патот. Но, тој стана поагресивен и започна да ги брка со нож. Досега ниту еден член од обезбедување не бил покрај нас. Ќе се обратиме до нашата амбасада да ни обезбеди заштита , вели поранешниот српски кошаркар.

Српските кошаркари загубија од Шпанија во четвртфиналето, па до крајот на шампионатот ќе разигруваат за пласман од 5. до 8. место.