Магазин 18. септември 2019. / 15:17

Хаос во Тетово: Никој не ги згрижува кучињата скитници

Хаос во Тетово: Никој не ги згрижува кучињата скитници

Во Тетово пак се актуелизираше проблемот со кучињата скитници, откако на ветеринарната амбуланта ДОГ енд КЕТ им заврши тендерот за згрижување на овие животни во месец април годинава, објави Телма.

Веќе петти месец нов тендер на се објавува, а јавните површини пак се преполни со кучиња.

Од Ветеринарната амбуланта, велат дека за првиот тендер добиле 10.000 евра и со тие пари заловиле и излечиле 84 кучиња, од кои 6 биле еутанизирани поради нивната тешка здравствена состојба. Апелира општината што поскоро да го објави вториот тендер за да може да се продолжи со постапката на згрижување на останатите бездомни животни.

Од Општина Тетово велат дека се предвидени средства за објавување на вториот тендер за згрижување на кучињата скитници, и истиот се очекува да биде објавен за еден месец.

Инаку Општината за прв пат започна да ги третира овие бездомни животни за кои првично одвои минимални средства, но постапката за згрижување е заглавена речиси половина година.