Луис Хамилтон ја забележа шестата победа сезонава во Формула 1 шампионатот.
Актуелниот светски првак најдобро се снајде во денешната трка на „Тоскана“ која неколку пати беше прекинувана и стартувана, па Британецот, целната рамнина ја мина пред тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.
Место на пиедесталот обезбеди и Александер Албон од Ред Бул.
Хамилтон за кого ова беше 90-та победа во кариерата сега е на само една помалку од рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.