Магазин 14. мај 2020. / 14:17

Хакери бараат откуп од 21 милиони долари за украдени лични податоци од Мадона, Лејди Гага…

Хакери бараат откуп од 21 милиони долари за украдени лични податоци од Мадона, Лејди Гага…

Хакери бараат откуп од 21 милиони долари за украдени правни податоци и лична коресподенција на видни личности, пишува „Варајити“.

Правната канцеларија „Грубман Шајр Мејселас и Сакс“ е сместена во Њујорк и нејзини клиенти се Брус Спрингстин, Мадона, Елтон Џон, Лејди Гага и многу други познати личности. Според податоци на канцеларијата, хакерите украле 756 гигабајти со лични документи и коресподенција на клиентите, но открива од каква природа се тие.

-Нашите клиенти се информирани за кражбата. Ги изнајмивме најдобрите експерти во светот за да ни помогнат во овој момент, соопштуваат од канцеларијата.

Хакерите се закануваат дека ако не ги добијат парите, постепено онлајн ќе објавуваат делови од податоците. Моментно, правната канцеларија разговара со хакерите и ФБИ го истражува случајот.

Хакерите тврдат дека располагаат со податоци на Лејди Гага, Мадона, Кристина Агилера, Мараја Кери…