Магазин 23. јануари 2020. / 22:02

Хабиб Нурмагомедов бара 100 милиони долари за реванш со Конор Мекгрегор

Хабиб Нурмагомедов бара 100 милиони долари за реванш со Конор Мекгрегор

Сè понеизвесно е дека ќе има реприза на „борбата на векот“ во УФЦ помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Во 2018 година Русинот го совлада Ирецот во најгледаниот ММА настан во историјата (2.400.000 платени гледања), а првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, одамна најавува реванш.

Сепак, тој во моментов се соочува со нешто поголема пречка од 100 милиони американски долари.

Имено, таткото на Нурмагомедов, Абдулманап, кој истовремено е и тренер на дагестанскиот борец, бара неговиот син да биде платен толку многу за да учествува во борбата.

– Се чини дека кажуваат најмногу за моите зборови и за 100-те милиони американски долари, но добро, нека зборуваат. Повторувам, нема борба без тоа – изјавитаткото на Нурмагомед.

Хабиб во моментов се подготвува да се бори против Тони Фергусон во април, против кого ќе го брани шампионскиот ремен во лесна категорија по трет пат.

– Парите не се важни за мене, туку спортската страна, и бидејќи е така, тогаш треба да зборуваме за борбата помеѓу Тони и Хабиб. Во овој спорт, се само зборува само за пари и бројки, многу помалку за борбите. Што повеќе можам да кажам од тоа дека тие сакаат натпреварите да им се исплатат? – праша Абдулманап.

Хабиб славеше против Мекгрегор во октомври 2018 година, решавајќи ја борбата во своја полза со гушење во четвртата рунда.

Мекгрегор неодамна ја имаше својата прва борба од овој натпревар, во која успешно се врати во октагонот.

Нурмагомедов има 28 победи во кариерата во исто толку натпревари. Се шпекулира дека по оваа борба, 31-годишниот борец би можел да стави крај на неговата ММА кариера.