После пет години бесконечни бесплатни фотографии со висок квалитет, Гугл одлучи да воведе ограничување. Компанијата ќе воведе максимална меморија од 15 GB клауд по профил, а правилото ќе почне да се спроведува од 1 јуни 2021 година.
Исто така, Гугл ќе почне да ги брои и документите во Google Workspace, документите и другите ситници на кои би можеле да заработат повеќе пари. За крај, ќе воведe и бршење на документите и податоците на сите профили кои не се пријавиле во текот на последните две години.
Сите документи и фотографии кои корисниците ги складирале на серверите на Гугл пред 1 јуни нема да се сметаат во тие 15 GB. Оваа одлука на Google се очекуваше веќе некое време затоа што во максималната меморија Гугл веќе ги пресметува фотографиите со поголем квалитет ои исто така се намалени за да зафаќаат помалку простор.
За да продаде повеќе телефони Pixel, Гугл во тие 15 GB нема да ги смета висококвалитетните фотографии симнати на нивниот смартфон. Компанијата во своја одбрана го споменува Apple iCloud, кој нуди 5 GB простор и фактот дека 80% од корисниците нема да ги пополнат тие 15 GB простор за фотографии во наредните три години од воведувањето на правилото. Ако се приближите до пополнување на тие 15 GB, Гугл ќе се извести навремено.
Се претпоставува дека промената е направена за поголем број луѓе да почнат да го користат Google One, услугата која вклучува и бесплатен VPN за Android ако платите повеќе. Од Гугл објаснуваат дека во нивниот систем веќе имаат купишта фотографии и таа услуга ќе мора некако да се одржува. Што се однесува на цената почетната цена за услугите е 1.99 долар месечно за 100 GB, 2.99 долари за 200 GB, 9.99 долари за 2 TB и најскапата е 149.99 долари меечно за 30 TB.