Магазин 28. јули 2019. / 13:06

Груевски ќе ја пее државната химна за Илинден на Мечкин Камен

Груевски ќе ја пее државната химна за Илинден на Мечкин Камен

Оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски оваа година ќе ја пее државната химна на свеченото отварање на 1-ви август во Крушево на Гумење. Исто така, тој ќе ја интонира химната и на централната прослава на празникот Илинден на 2-ри август на Мечкин Камен.

Груевски ќе одржи и свој солистички концерт, како дел од концертната сезона „The Art of Power“, насловен „Во чест на Тоше Проески“, концерт кој ќе се одржи на 5-ти август на летната сцена на музејот на НОБ во Крушево, во склоп на НКС Десет Дена Крушевска Република, со почеток во 20 часот.

Фото – Фејсбук Влатко Груевски