Магазин 12. октомври 2020. / 17:30

Годишна изложба на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Годишна изложба на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово вечерва во 19 часот ја организираат традиционалната годишна изложба на фотографии. Ова е 17-та изложба на фотографии кои тетовската публика по прв пат ќе има можност да ги види во дворот на Спомен куќата на Јовановци при Музеј на тетовски крај.

-На оваа изложба ќе се претстават 20 фотографи со 40-тина фотографии. Поради пандемијата изложбата е во дворот од Музејот на тетовски крај, а воедно ќе се запазат сите мерки за заштита од коронавирусот, секој ќе мора да носи маска, да се дезинфицира и ќе се мери температура. Оваа изложба е можност да се прикаже работатата на нашите членови во изминатата година, а темата е слободна, односно авторите самите бираат каква фотографија ќе изложат, информираат од клубот.

Фото клубот „Чкрап“ е основан во 2003 година.