Магазин 15. јули 2019. / 09:28

Ѓоковиќ ја прифати понудата – доаѓа да го види Охрид

Ѓоковиќ ја прифати понудата – доаѓа да го види Охрид

Новак Ѓоковиќ најави дека ќе ја посети Македонија, пренесува „Макфакс“. Ѓоковиќ по победата во второто коло на Вимблдон, се дружеше со своите фанови на социјалните мрежи и тогаш како специјален поздрав за неговите навивачи од Македонија ја отпеа „Македонско девојче“ што беше еуфорично прифатено. Тогаш премиерот Зоран Заев јавно го покани Ѓоковиќ да дојде во нашата држава.

-Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам, му одговара Ѓоковиќ на прашањето на новинарот на Макфакс дали ќе ја прифати поканата да дојде во Македонија.