Магазин 16. ноември 2019. / 22:45

Фустанот во кој Мерлин му пееше на Кенеди е продаден за 4.8 милиони долари

Фустанот во кој Мерлин му пееше на Кенеди е продаден за 4.8 милиони долари

Филмската звезда  Мерлин Монро била гола под познатиот фустан кој го носела додека му пеела „Среќен роденден, господине претседателе“ на Џон Кенеди. По овој фамозен настап на Монро, почнуваат да се шират гласини за некаква поврзаност помеѓу нејзе и Кенеди.

Анегдота за Мерлин е откриена во новата книга, а потекнува од колумистката Маурин Довд, која на писателите им рекла што некој нејзин пријател ведел на тој фамозен настап.

-Ми рече: Стоев веднаш зад Мерлин кога ја отпеа роденденската песна на претседателот и се случи чудна работа. Нејзиниот фустан се помести во моја корист и видов дека таа под неа е потполно гола, рекла Маурин.

А фустанот кој Мерлин го носела за време на овој настап е продаден на аукција во Лос Анџелес на неверојатни 4.8 милиони долари во 2016 година.