Франција донесе нови правила за употреба на електричните тротинети откако се случија стотина инциденти со возила, вклучително и неколку смрттни случаи.
Од саботата, 26 октомври, возачите треба да имаат најмалку 12 години и не смеат да го возат својот тротинет по тротоар. Електричните тротинети, кои може да развијат брзина поголема од 50 км на час, стануваат се популарни, делумно и заради ниското штетно влијание на животната средина. Меѓутоа, максималната брзина на овие возила на две тркала исто така ќе бидат ограничени од следната година.
Останати правила кои стапуваат на сила вклучуваат:
- Возењето по тротоар е забрането освен на посебно одредени места.
- Дозволен е само еден возач на секое возило, а не е дозволена никаква употреба на мобилни телефони.
- Возачите не смеат да возат спротивно од текот на сообраќајот, и мора да користат велосипедска патека
- На возачите нема да им биде дозволено да носат слушалки додека се на тротинет.
- До следниот јули максималната брина на скутерите ќе биде ограничена на 25 км на час.
- Корисниците кои возат на патишта мора да носат кацига и впечатлива облека.
- Е-тротинетите ќе бидат во потполност забранети на селските патишта.
За секој прекршок ќе биде изречена парична казна во износ од 135 евра и до 1500 евра за надминување на ограничената брзина.
Најмалку пет смртни случаи на е-тротинети се пријавени во Франција, вклучително во главниот град Париз и неговите предградија и источниот град Реимс.