Магазин 12. јануари 2019. / 23:09

Франција со убедлива победа над Србија во дербито на денот

Франција со убедлива победа над Србија во дербито на денот

Бранителот на трофејот Франција забележа убедлива победа над Србија во дербито на денешната програма на Светското ракометно првенство што с еигра во Германија и Данска.

„Триколорите“ без многу проблеми стигнаа до вториот триумф на Мундијалот и докажаа дека заедно со Германија се фаворити во А-групата и воопшто на првенството.

Резултати на натпреварите од 2.коло во групите А и Ц:

Австрија – Чиле 24:32
Русија – Кореја 34:27
Норвешка – Саудиска Арабија 40:21
Германија – Бразил 34:21
Данска – Тунис 36:22
Франција – Србија 32:21.

Табела А-група: Германија 4 бода, Франција 4, Русија 3, Србија 1, Бразил 0, Кореја 0.

Табела Ц-група: Данска 4 бода, Норвешка 4, Австрија 2, Чиле 2, Тунис 0, Саудиска Арабија 0