Сабјата која припаѓала на Омар Саид Талу, исламски учител од 19-от век, владетел и борец против колонијанизмот, вратена е во Сенегал.
Оружјето е вратено како дел од проектот на Франција за враќање на поранешните западноафрикански колонии предмети од огромна културна и историска важност.
Артефактот припаѓа на западноафриканскиот учител и предводник на антиколонијалната борба против Франција.
Францускиот премиер Едуард Филипе го предаде мечот на сенегалскиот претседател Макиј Салиу за време на церемонија во Дакар.
– Ова е историски ден, изјави сенегалскиот лидер.
Филипе истакна дека ова е прв чекор во проектот враќање на сенегалските предмети кои моментално се наоѓаат во француските музеи, каде се чуваат повеќе од 90 илјади предмети од субсахарска Африка.
Омар Саид Тал бил политичар, воен заповедник и муслимански учител. Се борел против Французите од 1857 до 1859 година, на крајот потпишал примирје во 1860 година. Според сенегалските историчари, мистериозно исчезнал во 1864 година.
Неговиот син Ахмед го наследил и ја продолжил борбата, но е поразен од Французите во април 1893 година. Во таа прилика запленета е сабјата, која сега е конечно вратена.