Магазин 20. август 2019. / 12:13

(ФОТО) Зоки Фаци се изјасни за “Рекет”: Боки 13 е модерниот Робин Худ!

(ФОТО) Зоки Фаци се изјасни за “Рекет”: Боки 13 е модерниот Робин Худ!

Вработениот во 1 ТВ, Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци, со емотивна порака и коментар за својот шеф Бојан Јовановски (Боки 13), кој сега е во притвор за случајот рекет.

Зоки Фаци, во коментар на роденденска честитка која неговиот колега Сергеј Варошлија ја упати до Боки 13, вели дека нивниот газда е модерен Рибин Худ кој вработил 120 луѓе.

Ти ја напиша вистината серџо, боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно, силен е тој, ќе го преживее и ова, тој е модерниот робин худ, да не заборавиме само на колку луѓе им помогна, за мене е херој, не знам за другите, среќен да му е роденденот, напиша Василевски на Фејсбук.