Магазин 06. октомври 2019. / 20:31

(ФОТО) Синот на Чифлиганец ја натегнал на мотор внуката на Заев!

(ФОТО) Синот на Чифлиганец ја натегнал на мотор внуката на Заев!

Насловот на оваа вест е одвратен, нема никаква врска со јавен интерес и ја вулгаризира нормалната љубов помеѓу двајца млади луѓе.

Овие двајца млади луѓе во оваа наша приказна немаат никаква вина, но, за жал нивните родители континуирано финансираат вулгарни портали како „Мактел.МК“ кои навредуваат, шиканираат и омаловажуваат личности кои исто како и нив немаат никаква вина, ниту пак ги интересира политика.

Овој текст нема намера да ги омаловажи или навреди Ева и Душко, но има намера да ги освести нивните родители кои финансираат квази-новинарство во кое се занемаруваат етиката и сите професионални стандарди.

Јасно е дека и на младите Душко и Ева, на нивните родители, пријатели и роднини ќе им биде тешко кога ќе го прочитаат овој наслов. Епа почитувани, тешко им е и на семејствата на оние кои се шиканирани од квази-порталите кои вие ги финансирате.

*Овој текст е дел од проектот на Економски Лидер кој повикува на општествена одговорност на огласувачите во медиумите.