Магазин 13. May 2019. / 16:56

(ФОТО) Шилегов повторно хит на социјалните мрежи – нуди куче за вдомување

(ФОТО) Шилегов повторно хит на социјалните мрежи – нуди куче за вдомување

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на неговиот Фејсбук профил објави дека проектот за реконструкција на стационар Лајка е во завршна фаза и воедно понуди куче за вдомување.

– Проектот за реконструкција на стационарот “Лајка” е во завршна фаза. Наскоро започнуваме. А да. Во меѓувреме, ова слатко кученце е за вдомување. Истретирано и здраво. Ако има заинтересирани… – напиша Шилегов.