Магазин 28. септември 2019. / 13:34

(ФОТО) Се рушат дивоградбите во Охрид – на ред е популарниот „Куба Либре“

(ФОТО) Се рушат дивоградбите во Охрид – на ред е популарниот „Куба Либре“

Деновиве во Охрид се врши засилено уривање и отстранување на дивоизградени објекти и на платформите од рестораните кои навлегуваат подлабоко во Охридско Езеро.

По отстранувањето на неколку платформи во стариот дел од градот, на ред дојде и платформата на познатиот угостителски објект, Куба Либре.