Магазин 10. март 2020. / 19:43

(ФОТО) Рагбисти во Мелбурн играа во дресови со македонското сонце од Кутлеш

(ФОТО) Рагбисти во Мелбурн играа во дресови со македонското сонце од Кутлеш

Македонската рагби екипа во Австралија ги носи најубавите дресови со македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа, објави претседателот на СМК, Тодор Петров.

Вчера во „Викторија Парк“ во Мелбурн, се одржа “Хармони Купот 2020” во рагби, на кој учестуваваше и тимот составен од Македонци кои настапуваат како Македонија! Македонците се впечатливи особено по уникатните дресови со сонцето од Кутлеш. Македонската рагби репрезентација на купот забележа два порази против Италија и Ирска, како и еден триумф против тимот “Хармони”, објави Петров.

Честитки за Македонците од рагби екипата во Австралија.