Магазин 27. јуни 2020. / 18:45

(ФОТО) Пробиен пат до манастирот ,,Св.Петка” во селото Костиндол

(ФОТО) Пробиен пат до манастирот ,,Св.Петка” во селото Костиндол

Пробиен е патот кој преку селата Вртиславци и Костиндол во делчевско-каменичкот регион води до манастирот „Св.Петка“.

Марјан Митевски, член на црковниот одбор, информира дека земјената траса е пробиена, со помош на самите жители на селото.

Трасирањето до патот кој води до манастирот траеше подолг период, но сепак со помош на мештаните кои обезбедија механизација, патот е пробиен на радост на самите жители – вели Митевски.

Тој апелира граѓаните да продолжат да донираат средства за доизградба на манастирот.

Апелираме на масовност на акцијата, со цел ова подзаборавено место да заживее повторно. Се работи за стар манастир изграден во 1960 година, во кој оттогаш до денес не е инвестирано – додаде Митевски.

 

Со поддршка на општините, мештаните очекуваат реализација на целосната идеја, а очекуваат и помош од иселениците кои потекнуваат од овој крај.