Врнежи од снег насекаде во земјата и нова снежна покривка денеска во Македонија. Само во југоисточниот дел има врнежи од дожд и снег.
Ова е моменталната ситуација на Ѓавато. Според фотографијата на Ѕидот на сообраќајниот срам, не се гледа од снег.
Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. Во недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.