Магазин 20. март 2020. / 13:49

(ФОТО) Охрид се реновира во вонредна состојба

(ФОТО) Охрид се реновира во вонредна состојба

Ништо од апелот на министерот за здравство, Венко Филипче, во периодот на вонредна состојба поради корона вирусот граѓаните да го одложат реновирањето. До редакцијата на Лидер пристигнаа фотографии од Охрид на кои се гледа како мајстори работат на реновирање на куќа во самиот центар на градот.

Пред само три дена, на новинарско прашање, со огледа на тоа дека сега почнува онаа сезона за реновирање дома, дали луѓето може да планираат, бидејќи тоа не е процес што може да заврши за ден-два, дали воопшто да почнуваат со реновирање, бидејќи влегуваат мајстори, министерот Филипче одговори:

-Нека седат сеа дома, има време за реновирање, појасни Филипче.

Но, по се изгледа охриѓани немаат време со оглед на тоа дека набрзо им почнува туристичката сезона.

Се постаува прашањето, што ако утре властите донесат мерка во која би ги забраниле сите вакви активности?

Тие што почнале или планираат да почнат ќе треба да домот да го остават таков-каков што е, а во таков случај ќе треба да седат дома, во самоизолација, со недовршено реновирање.