Магазин 03. јули 2020. / 12:00

(ФОТО) Новиот изглед на Викторија Лоба никого не остава рамнодушен

(ФОТО) Новиот изглед на Викторија Лоба никого не остава рамнодушен

Пејачката Викторија Лоба има нов имиџ! Убавицата на која од почетокот на кариерата долгата руса коса ѝ е заштитен знак, после долги години реши да ја скрати.

Со новата фризура се пофали на социјалите мрежи каде собра низа позитивни реакции и коментари и сите и порачаа дека изгледа одлично.

Неодамна Лоба сликаше и фотосесија за нов бренд за костими за капење, а првата фотка која што ја објави на која позира во бикини наиде на позитивен фидбек и сите беа воодушевени од нејзината линија за која што мораме да признаеме дека ја има доведено до совршенство.