На денешниот протест во Москва против апсењето на опозиционерот Алексеј Навални, демонстрант беше виден идентично облечен како еден од оние што ги обележаа протестите и упадот во Капитол во Вашингтон
Со рогови на главата, беж панталони кои личат на пижами, маица што имитира тетоважи, овој демонстратор носеше и руско знаме во боите на кое беше обоено лицето.
Додека идентитетот на московскиот „протестант со рогови“ сè уште не е познат, оној од упадот во зградата на Конгресот во Вашингтон беше една од главните теми во деновите по немирите, на 6 јануари, како во медиумите, така и на социјалните мрежи.