Магазин 01. јуни 2020. / 11:39

(ФОТО) Кралицата првпат излезе надвор по карантинот: Јаваше пони во паркот во Виндзор

(ФОТО) Кралицата првпат излезе надвор по карантинот: Јаваше пони во паркот во Виндзор

Британската кралица Елизабета Втора беше сликана како јава пони во паркот во Виндзор. Кралицата e позната по својата љубов кон коњите.

Понито со име Балморал Ферн е старо 14 години, точно 80 години помалку од Нејзиното височество.

Кралицата, од воведувањето на мерките на изолација, живее на дворецот Виндзор, заедно со својот сопруг – принц Филип (98).

Оттаму таа неколкупати ѝ се обрати на нацијата, преку соопштенија или телевизиски обраќања.