Новиот снег на Попова Шапка како и продолжениот новогодишен викенд привлече многумина граѓани на Полошкиот регион, пред се од Тетово и Гостивар, но и од Скопје да го посетат скијачкиот центар.
Ова предизвикало колони возила долги и до седум километри, а посетителите чекале со часови да дојдат до ски-терените, објави 24 инфо.


