Владимир „Франц“ Крстевски, поранешниот член на групата „Нокаут“ неделава стана по втор пат татко.
Тој заедно со својата сопруга Ема, по втор пат стана родител на ќеркичка – малечката Мона.
На 31 Јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние – напиша Франц на Фејсбук.
Инаку, Франц и Ема се венчаа во октомври 2014 година. Тие ја имаат и ќерката Мелоди (1), а веќе неколку години живеат и работат во Лос Анџелес.