Магазин 15. септември 2019. / 21:46

(ФОТО) Еве што облече сопругата на претседателот Пендаровски на фестивалот „Браќа Манаки“

(ФОТО) Еве што облече сопругата на претседателот Пендаровски на фестивалот „Браќа Манаки“

Вчера во градот на конзулите – Битола, свечено се отвори јубилејното 40–то издание на меѓународниот кинематографски филмски фестивал „Браќа Манаки“.

Покрај многубројните видни гости, на отворањето присустуваше и македонскиот претседател Стево Пендароски, кој на црвнениот тепих се појави со сопругата Елизабета Ѓорѓиевска.

Сосема класичен и елегантен стил со црно здолниште и бела кошула одлично прилегаше на првата дама, додека претседателот се одлучи за класичен смокинг со тегет вратоврска.