Полуфиналниот натпревар од европската Лига на шампиони меѓу Барселона и Ливерпул се одигра вчеравечер во главниот каталонски град, а таму присуствуваше и еден скопски градоначалник, објави Нетпрес.
Популарниот стадиoн „Камп Ноу“, исполнет до последното место. Барселона го совлада англискиот клуб со 3:0, и обезбеди одлична предност за реваншот на 7 мај во Ливерпул.
Читатели на НетПрес до редакцијата испратија фотографии, на кој се гледа дека во публиката е и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.