Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ ја искористи приликата во рамки на кампањата да ја посети Бабушница, родното село на нејзината мајка, пренесуваат медиумите од соседството.
Приликата ја искористила да поразговара со граѓаните, но и нејзината мајка за прв пат да ја покаже пред јавноста.
– Семеен викенд во Бабушница, родното место на мојата мајка. Уживање во убавините на нашата прекрасна земја и уште поголемо задоволство, прилика за разговор со граѓаните, напиша премиерката на Србија во објавата на нејзиниот Инстаграм профил.