Трките во Формула 1 би требало да почнат во јули со Големата награда на Австрија.
Австриската влада дозволи одржување на трката на Ред бул ринг во Шиберг. Австрија би требало да ги ораганизира првите две трки во редуцираниот календар на Формула 1 на 5 и 12 јули.
Сезоната требаше да почне во март во Австралија, но беше одложена поради пандемијата со корона вирус.
Одложени или откажани се уште девет следни трки.
Доколку сезоната започне во Австрија, следен домаќин ќе биде Будимпешта на 19 јули.
На трибините нема да има публика.