Магазин 23. јуни 2020. / 15:52

Филмскиот маркет на Кански фестивал прв пат се одржува виртуелно: Агенцијата за филм учествува со е-павилјон

Филмскиот маркет на Кански фестивал прв пат се одржува виртуелно: Агенцијата за филм учествува со е-павилјон

Филмскиот маркет на престижниот Кански филмски фестивал – Marché du Film, по прв пат годинава се одвива виртуелно поради пандемијата со Ковид-19.  Агенцијата за филм  и оваа година присуствува на големиот европски филмски настан, но овој пат прилагодени на ситуацијата, со е-павилјон.

На Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал кој стартуваше вчера и ќе трае до 26 јуни, Агенцијата за филм ги презентира најновите филмови кои се во пост продукција или се завршени, најновите каталози во кои се претставени сите нови филмски проекти реализирани во 2019 и 2020 година и филмови кои се во фаза на реализација, како и мерката за право на поврат на средства за снимање на странски продукции, соопштија од Агенција за филм.