Организаторите на музичкиот фестивал ЕГЗИТ денес објавија дека е познато дека во текот на годините добиле понуди за ЕГЗИТ да се пресели од Нови Сад и Србија во друга земја, но дека категорично одбивале.
Посочија дека речиси секоја земја во светот сака да има еден од најголемите светски фестивали во својата туристичка понуда, што носи десетици милиони евра на локалниот туризам секоја година.
-Досега категорично ги отфрлавме ваквите понуди, бидејќи сакаме да останеме и да го развиваме фестивалот во нашиот град и земја. За жал, тоа не зависи само од нас, посочија организаторите на ЕГЗИТ.
Загрепски „Јутарњи лист“, повикувајќи се на неименуван извор, денес објави дека ЕГЗИТ може да се пресели во Умаг во Хрватска или во Будва во Црна Гора. Денес најави и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, кој најави дека ќе разговара со организаторите на овој музички фестивал, оценувајќи дека би било „незамисливо“ ЕГЗИТ да го напушти Нови Сад.