Магазин 13. March 2019. / 19:29

Фејсбук се извинува: Корисниците бесни поради падот на социјалната мрежа

Фејсбук се извинува: Корисниците бесни поради падот на социјалната мрежа

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се паднати насекаде во светот. Голем број корисници не можат да пристапат до мрежите и својата лутина ја истураат на Твитер.

Од Фејсбук им се извинуваат на сите корисници на нивната мрежа и на апликациите , поради тоа што има технички проблем. Во целиот свет се пријавени проблеми во исто време , околу 17.30 часот , а од компанијата на Твитер најавија дека наскоро ќе го решат проблемот.