Магазин 22. декември 2019. / 21:30

Фејсбук работи на сопствен оперативен систем

Фејсбук работи на сопствен оперативен систем

Фејсбук, како што пренесуваат специјализрианите медиуми, работи на свој оперативен систем, што би можело да биде алтернатива за Android. Наводно, компанијата има за цел хардверска стратегија, како што е „Епл“, односно целосна контрола врз хардверот и софтверот.

Дека целите што ги има Фејсбук не се мали, покажува фактот дека тие веќе напорно работат на паметни дисплеи, платформи за плаќање преку интернет, своја валута, виртуелна реалност…

Сега има и информации дека компанијата сака да создаде свој оперативен систем.

Веќе некое време знаевме дека Фејсбук се движи кон дизајнирање на сопствен оперативен систем бидејќи не се задоволни од компанијата што нивните уреди би морале да користат некои изменети верзии на Android.

– Ние навистина сакаме да бидеме сигурни дека има простор за нас. Ние не мислиме дека можеме да веруваме на пазарот или на нашите конкуренти да го обезбедат за нас, така ќе го сториме сами, велат од компанијата.

Затоа, идниот хардвер на Фејсбук може да не се потпира на софтверот на Гугл.