Магазин 07. јануари 2021. / 20:19

Фејсбук ја тргна можноста за лајкнување на страниците на познати личности

Фејсбук ја тргна можноста за лајкнување на страниците на познати личности

Фејсбук, со новиот редизајн, ќе ја отстрани можноста за лајкување на страници кои ги користат познатите личности и брендовите.

Наместо тоа, ќе биде покажан само бројот на следачи, како и „news feed“, односно просторот каде што корисниците можат да комуницираат со другите.

Како што велат од компанијата Фејсбук, бројот на следачи ќе биде главно мерило за „популарноста“, затоа што тоа е најдобар индикатор за успешноста на некоја страница.

-Ги тргаме лајковите и се фокусираме на следачите за луѓето што поедноставно да се поврзуваат со своите следачи, соопшти Фејсбук, пренесе „Ројтерс“.