Магазин 15. March 2019. / 22:38

Фејсбук ја откри причината за падот на социјалната мрежа

Фејсбук ја откри причината за падот на социјалната мрежа

Промената на конфигурацијата на серверите е причината за историскиот пад на Фејсбук, каде корисниците ширум светот имаа проблеми со логирањето и постирањето на таа социјална мрежа, како и на Инстаграм.

Од Фејсбук соопштуваат дека најголемо влијание овој пад имаше во Европа и во Северна Америка.

– Како резултат на конфигурацијата на новите сервери, многу корисници имаа проблеми со нашите апликации и услуги. – стои во објавата на најголемата социјална мрежа.

Проблемот, како што велат е решен, а системите се опоравуваат.