По повод одбележувањето на Денот на Заштита на лични податоц на 28 Јануари, Здружението на граѓани за безбедносни истражувања, човекови права и слободи – БИПС, има спроведено истражување кое се однесува на заштитата на личните податоци на територијата на Република Македонија.
Заштитата на личните податоци во нашата држава е се уште на незадоволително ниво. Најчеста мета на напад се личните податоци кои се наоѓаат на социјалните мрежи. Facebook како таков, е можеби и на првото место во светот каде се вршат злоупотреби на личните податоци. Дел од информациите за вас кои јавно ги споделувате, како и вашата листа со пријатели се користат од страна на апликациите, игрите и веб-сајтовите кои вие и вашите пријатели ги користите.
Дали Дирекцијата за заштита на лични податоци може да има удел во решавање на овие проблеми на граѓаните? Кои работи треба да ги знаете за Facebook? Одговорот на сите прашања, може да ги пронајдете во проектот спроведен од страна на БИПС.