Европското првенство во кошарка (ЕвроБаскет) е одложено за 1 до 18 септември 2022 година поради пандемијата на корона вирус, објави во четвртокот Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Одлуката за одложување на Евробаскетот дојде откако Меѓународниот олимписки комитет ги премести Олимписките игри во Токио на 23 јули – 8 август 2021 година. Претходно, турнирот требаше да се одржи од 17 август – 3 септември 2021 година, во Германија, Грузија, Чешка и Италија.
Во меѓувреме, ФИБА откри дека Олимписките квалификациски турнири ќе се играат во периодот помеѓу 22 јуни и 4 јули 2021 година.