Магазин 27. ноември 2019. / 19:53

Еве зошто еден фудбалер на Базел не смее да припари во Русија

Еве зошто еден фудбалер на Базел не смее да припари во Русија

Натпреварите од петтото коло во групната фаза во Лига Европа се играат утре, а во групата „Ц“, екипата на Базел обезбеди пласман во нокаут фазата, па така за европска пролет ќе се борат Гетафе и Кранснодар.

И тимот на Трабзонспор има теоретски шанси да дојде до нокаут фазата, иако е на дното на табелата со само еден бод, но далеку поголеми се шансите за пласман понатаму за екипите на Гетафе и Краснодар кои имаат по шест, а Базел 10 бода.

Утре, екипата на Краснодар го пречекува Базел, а гостите на овој дуел ќе бидат без нивниот млад крилен играч Едон Жерговa.

Имено, Жерговa има државјанство на Косово и ги брани боите на таа земја, а бидејќи Русија не ја признава независноста на Косово, забранет му е влез на територијата на земјата во која неговиот Базел утре ќе го одигра својот меч.

Инаку, Жерговa е роден во Германија, а ја започна својата фудбалска кариера во Белгија. Во февруари оваа година пристигна во Базел на позајмица од Генк