Охриѓанецот Горан Папаз ќе свири пред папата Фрањо за време на неговата посета на Скопје на 7 мај.
На покана од Католичката црква, Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред папата Фрањо. Настанот ќе се одржи во дворот на католичката црква „Пресвето срце Исусово“ околу 14.30 часот, кадешто папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите. Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе“ и тие ќе се претстават со три композиции.
-Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд, вели овој познат охридски музичар.
На професионално поле, Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен „Елегија”, што ќе биде промовиран ова лето.