Магазин 20. август 2020. / 15:28

ЕСМ: Поезијата на нашиот директор е од 2016 година, не е напишана денес!

ЕСМ: Поезијата на нашиот директор е од 2016 година, не е напишана денес!

Државната компанија ЕСМ се јави со објаснување околу поeмата напишана за Зоран Заев од страна на нивниот генерален директор Васко Ковачевски.

Од државната компанија велат дека ова величествено творештво на Ковачевски не е напишано денескa, туку во 2016 година и оттаму објавата на Лидер, била лажна вест.

„Порталот Лидер.мк објави лажна вест за наводен денешен ФБ статус на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ставајќи ја истата лажна вест во контекст со денешната трагедија во рудникот Суводол во РЕК Битола. Ваквата лажна вест, извртување на факти и пласирање неточна слика за менаџирањето на компанијата и комбинатот во услови на човечка трагедија е целосно непрофесионална од порталот лидер.мк, како и од курир.мк, нетпрес.мк и експрес.мк кои истата лажна содржина ја реобјавија, како и од сите други медиуми кои истото ќе го направат“, се вели во демантот.

Од АД ЕСМ велат дека Фејсбук-постот со песната која е претставена како објавена денеска, всушност е објавена на 23 април 2016 година, на приватен профил кој директорот Васко Ковачевски не го користи од 2018 година, откако бил назначен за директор на РЕК Битола, а профилот бил деактивиран пред повеќе од две години.

Во прилог прочитајте го ова ремек-делото на современата северномакедонска поезија, напишано од Ковачевски.